Македонско-турски конзорциум вложува четири милиони евра во локалитетот Галабица кај Прилеп за експлоатација на бел мермер. Македонците и Турците првин ќе инвестираат во обезбедување врвна рударска механизација за ископ на мермер, а потоа и во преработувачки капацитет. Надалеку познатиот и најквалитетен прилепски бел мермер е причината за вложувањето. Се надеваме дека инвестицијата ќе биде успешна. Првин ќе ангажираме околу 50, а потоа да стигнеме до 200 работници. За втора фаза планираме преработка и изградба на фабрика.Конзорциумот веќе обезбедил концесија за експлоатација.
Македонско-турски конзорциум вложува четири милиони евра во локалитетот Галабица кај Прилеп за експлоатација на бел мермер.
Македонците и Турците првин ќе инвестираат во обезбедување врвна рударска механизација за ископ на мермер, а потоа и во преработувачки капацитет.
- Надалеку познатиот и најквалитетен прилепски бел мермер е причината за вложувањето. Се надеваме дека инвестицијата ќе биде успешна. Првин ќе ангажираме околу 50, а потоа да стигнеме до 200 работници. За втора фаза планираме преработка и изградба на фабрика - рече Сезај Зејбек, турскиот претставник на конзорциумот.
Конзорциумот веќе обезбедил концесија за експлоатација.